еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ им честиташе на Скопје и Атина: Србија прва ќе го признае соседот под новото име

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Нови Сад на отварањето на манифестацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.

-Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

– Нашите проблеми во односите со Приштина се стопати потешки. Тоа мора да го разберат луѓето, но и овие од Европа и Светот, кои кажуваат, „аха решивме еден проблем, сега ќе го решиме вториот проблем“. Да, ние сакаме да го решиме, само немојте да ги поистоветувате, бидејќи тоа се драматично различни проблеми и според тежината и според последиците и по се останато, рече Вучиќ.

Според него, политиката на Србија, а пред се заради младите, е политика на регионалната стабилност и поликата на отворени граници.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Новинар на грчка ЕРТ3 стана топ тема во Грција, оти Македонија ја нарече Северна Македонија

Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албански државјанин убиен во Грција по расправија за етнички прашања и Македонија

Никола Осило

(Видео) Кривична пријава за Јосипа Лисац за начинот на кој ја отпеала хрватската химна

Редакција

Уште две лица починаа од корона вирусот во Грција

Редакција