еМагазин
Image default
Македонија

Вучиќ му се извини на Заев што не испратил соопштение за средбата со Мицкоски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека повеќе пати се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесуваат српските медиуми.

Претходно македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за N1, посочи дека Мицкоски се сретнал со Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, пред да избега поранешниот премиер Никола Груевски.

Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања на прес конференција, му се извини на Заев што не било издадено соопштение за јавноста по средбата со Мицкоски.

„Велат „ама не сте издале соопштение“… Еве, јас му се извинувам на Заев, јас мислев дека Сузана Васиљевиќ е задолжена за издавање соопштенија за нашите состаноци, но во иднина ќе замолам да го стори тоа, ако е така подобро“, изјави Вучиќ.

Според него нема ништо спорно што се сретнал со Мицкоски, затоа што се членови на истата Европска народна партија (ЕПП).

Додаде дека со Груевски не се видел три години.

“Не одев во Скопје, ниту во време на предизборната кампања, иако и тие се членки на ЕПП. Не сум го видел ниту во Белград, ниту било каде“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за N1: Пред бегството на Груевски, Мицкоски се сретна со Вучиќ и Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал

Редакција

Случај„Талир„: Судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ одложено поради отсуство на обвинетиот Ристоски

Редакција

Откако вчера го проблематизираше датумот, Заев денеска ги повика партиите да се спремат за избори

Редакција