еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ: Нема да си играм како во Македонија со референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието гласате ‘за’

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за телевизијата „Хепи“ рекол дека не постои ниту едно решение за Косово и Метохија ако истото не биде прифатено од мнозинството Срби, пренесува агенцијата Танјуг.

Тој додал дека во моментов не се разговара за никакво решение, затоа што нема ни разговори меѓу Белград и Приштина.

„Тоа го кажав стотина пати. Нема да си играм како во Македонија со консултативен референдум на кој народот вели дека е ‘против’, а вие во Собранието сепак гласате ‘за’. Мислам дека е добар договор за нив, го поздравив, но начинот на кој тоа е изведено, јас никогаш не би го направил“, рекол Вучиќ за „Хепи“.

Тој додал дека кога референдумот нема да успее, може само да се констатира дека референдумот не успеал и демократски тоа да ѝ се соопшти на јавноста.

„Ако во Србија постои каков било референдум, да добиевме 49 отсто, а другата страна 54 отсто, мое е да поднесам оставка и да кажам дека референдумот во согласност со Уставот и законите не успеал, граѓаните се одлучиле за друга опција“, рекол Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19 во БиХ

Редакција

Сомнеж за коронавирус во Хрватска: Хоспитализирани две момчиња кои се вратиле од работа од Кина

Редакција

Во Солун не се одржа Стрејт парада, во организација на „Обединети Македонци“ од безбедносни причини

Редакција