еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ за гласањето за влез на Косово во Интерпол: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол, изјави дека не е изненаден како вчера во Дубаи земјите од регионот гласале, наведувајќи ги Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала.

– Во однос на регионот, немаше изненадување. Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Бугарија, секогаш се против нас, рече Вучиќ во изјавата за телевизија „Пинк“.

Тој потсети дека, Србија иако ја признала Македонија под нејзиното уставно име, Скопје од друга страна, ја призна независноста на Косово.

– Луѓето се чувствуваа горди, а јас бев смирен и се обидував да ја спуштам топката на земја, бидејќи ние не треба некого да го сметаме за непријател. Тие имаат свои пријатели, и Скопје и Подгорица – во Приштина. На нив Албанците им се искрени пријатели. А нас ни испраќаат јасна порака – вие сте ни второкласни пријатели, помалку важни или помали пријатели. Нашиот одговор на ова е дека ќе имаме најдобра можна соработка, а нивната порака ја прифативме и добро ја разбравме кој им е поблизок и поважен, објасни Вучиќ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MO на Србија со реакција: Не гласаа Црна Гора и Северна Македонија за Косово, тие гласаа против Србија

Српски медиуми: Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не е можно менување на Договорот од Преспа, вели грчкиот министер за надворешни работи

Редакција

Согласно препораките од ЕУ: Грција останува затворена за македонските граѓани

Редакција

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

Редакција