еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ: Српската опозиција сонува македонско сценарио

Тие го сонуваат македонското сценарио и му се молат на Бога дека, исто како и Боки 13, ќе носат торби со по милиони евра и ќе им ги делат на обвинителите, Чарлиевите ангели, кои би ги поставиле заедно со странците. Тоа нема да се случи во слободна Србија, денешна Србија, изјави српскиот претседател и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, коментирајќи ги за „Политика“ вчерашните услови на опозицијата за да не ги бојкотира изборите, изнесени на разговорите со претставниците на Европскиот парламент, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

На забелешката на „Политика“, дека се стекнува впечаток да за претстојните избори се прави „светска работа“, Вучиќ кажа дека „светска работа од тоа прават оние кои ги немаат гласовите на своите граѓани.“

Тој изјави дека изборните правила ги направила Демократската партија (ДС) со „нејзините сателити“, но и покрај тоа поранешниот режим прави се за да се интернационализира „таканаречениот проблем со демократијата во Србија од едноставна причина што не може да се потпре на поддршка на граѓаните кои немаат доверба во нив “.

Според Вучиќ, партијата која ја води „секогаш била подготвена за дијалог, но никогаш за диктати (од опозицискиот Сојуз за Србија), како и од меѓународните претставници.“

– Тие фантазираат за формирање на преодни влади, за доаѓање на власт без избори, без одлука на парламентарното мнозинство, некако октроисани од меѓународниот фактор. Србија е суверена земја и за таквите глупости можат само да ги сонуваат, а на власт ќе дојдат само кога ќе добијат мнозинската доверба на народот – посочи Вучиќ за „Политика“.

Во делот во кој се разговара за доаѓање на гостите кои имаат идеи за српските избори, Вучиќ рече дека „Србија е отворена земја, но исто така и независна и суверена“.

– Разговорот е лековит, но сите одлуки ги носат граѓаните на Србија преку нивните претставници, а изборите се единствено место на кое се одлучува за тие претставници. За разлика од многу други, Србија не е и нема да биде банана држава –  рече Вучиќ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Најмалку 32 загинати во судир на товарен и патнички воз во Грција

Редакција

Грција не го признава Косово и тој став нема да се промени, вели грчката претседателка Сакеларопулу

Редакција

(ВИДЕО) Србија: Демонстранти упаднаа во зградата на РТС, полицијата ги извлече

Редакција