еМагазин
Image default
Убава приказна

За 11 години, компанијата Алкалоид вложила 1,35 милиони евра во стипендирање лекари и фармацевти

Компанијата „Алкалоид“ во изминативе 11 години вложила над 1,35 милиони евра во стипендирање идни лекари и фармацевти, информираше генералниот директор Живко Мукаетов на денешната промоција на новите студенти-стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„За 9 години дониравме над 24.000 евра за награди на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот Факултет при УКИМ а преку хуманитарните настани организирани под закрила на Фондацијата во изминативе 8 години дониравме  околу 115.000 евра“ – изјави Мукаетов кој е и претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 458 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 40 во учебната 2018/2019. Од нив, 185 студенти по фармација и 160 по медицина се веке дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им  продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 69 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 64 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење во Скопје

Редакција

(Фото) Колекција „Velvet“ за есен/зима 2018 на Росица Мршиќ

Редакција

(Галерија) 25 години Автомобил на годината во Македонија

Редакција