еМагазин
Image default
Македонија

За 30,9 проценти намален бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21,6% намалување од 4,1%  во однос на минатата недела,“ се вели во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет лица на возраст од 30 до 49 години починале од Ковид-19

Најголем број од заболените од Ковид-19 на возраст над 60 години

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“, предметот за незаконското прислушување

Редакција

Продолжува големиот интерес за вакцинација, вчера се вакцинирале 13.303 граѓани

Редакција

Ќе се тестираат сите лица поврзани со поранешната директорка на Кожната клиника

Редакција