еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

За 61,2 отсто од Македонците одморот е луксуз: Сонуваат за море

Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на Северна Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината.

Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2.

Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години.

Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците.

Наспроти нив еднонеделен одмор надвор од своите домови не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните.

Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Редакција

(Фото) Пролетното време сред ноември донесе прекрасни виножита над Градскиот парк во Скопје

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: На Криволак, Македонија ќе произведува своја вакцина против Ковид-19

Редакција