еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Јанева и Боки 13 и членови на нивните семејства ќе им биде конфискуван имот

На сега веќе неправосилно осудените Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, но и на членови на нивните семејства ќе им биде конфискуван и имот, информаше на денешното соопштување на пресудата, Васка Николовска-Масевска.

„Од обвинетата Катица Јанева се конфискуваат непосредната и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело во износ од 50.000 евра стекнати со сторување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Од сторителите ќе се конфискува друг имот кој одговара на вредноста на прибавената корист, која е остварена со сторување на кривичното дело.

Имотната корист ќе се конфискува и од членовите на семејството на сторителите на кои е пренесена, а за кои е очигледно дека не дале надоместок кој одговара на надоместокот за прибавената имотна корист на двете лица, ако не докажат дека за предметот или имотот дал соодветен надоместок, кој одговара на вредноста на прибавената имотна корист“ , рече таа.

Од Јанева и Јовановски ќе бидат одземени и предмети кои се употребени при сторување на кривичните дела.

Јовановски за „Рекет“ доби затворска казна од девет години, а Јанева од седум години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Редакција

Зошто се слави 23 Октомври – Денот на македонската револционерна борба

Редакција

339 предмети од Македонија чекаат пресуда пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур 

Редакција