еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

За да се скрати времето на чекање, компаниите бараат заедничко царинење со Албанија и Србија

Компаниите при Стопанска комора на Македонија (СКМ) бараат заедничко царинење на стоките помеѓу нашата држава со Албанија и Србија.

Според мониторингот направен од страна на СКМ на граничните премини Табановце и Ќафасан најмногу задржувања на превозниците има кога треба да се прави фитосанитарна контрола (околу три часа) и ветеринарна контрола (еден ден).

„Компаниите бараат потпишување на билатерални договори помеѓу институциите на Македонија, Србија и со Албанија за што поитно да отпочнат заедничките контроли на посочените гранични премини. Спроведувањето на заедничка контрола од страна на органите од двете држави ќе овозможи на едно место во исто време, на заедничка локација со помалку ресурси на државните администрации, преку едно застанување на стоките, побрзо да поминуваат на граничните премини“, изјави оперативниот директор на Стопанска комора, Анета Трајковска.

Проблем за превозниците е што фитосанитарната и ветеринарната контрола во Србија не работат за викенд, кај нас работното време е од 7 до 19 часот, а на Ќафасан нема постојано лице за овој вид на контрола, при што е потребна претходна најава.

Според мониторингот на Светска банка, превозниците губат 80 проценти од своето време чекајќи на граница, а 20 проценти движејќи се по патиштата. Долгото чекање на граница ја намалуваат вредноста на стоките до еден процент, а кај земјоделските производи и до седум проценти.

Транспортните трошоци влегуваат во цената на чинење на производите што исто така влијае врз конкурентноста и извозот.

Компаниите бараат, заедничкото царинење да почне од 1 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Македонија

Редакција

Ковачевски со Мицотакис договорил непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција

Редакција

(ВИДЕО) Како Пендаровски го пречека на скопскиот аеродром бугарскиот претседател Радев

Редакција