еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За да спречите ширење на корона вирусот преку парите, не користете денарска и девизна готовина

Имајќи предивид што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, повторно апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите, информираат од Народна банка во услови на ширење на корона вирусот.

Воедно, Народна банка им препорача на банките да ги разгледаат можностите за намалување на провизиите поврзани со безготовински трансакции.

„За намалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведовме зајакнати протоколи за постапување, кои што се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет, а воедно ги укинавме и повизиите коишто ги наплатуваме од банките за полагање и подигање денарска ефектива.

Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на банките со кои остваруваме активна комуникација со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво,“ соопштуваат од Народна банка.

Од таму посочуваат на претпазливост при користењето на странската готовина (девизи) која што е внесена од друга држава и носи висок ризик од пренесување на заразата.

„Препорачуваме неа да ја размените во овластените банки и менувачници, по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал,“ додаваат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

(ВИДЕО) 7 начини како да го спречиме ширењето на корона вирусот

(ВИДЕО) Секоја чест за Jennifer Haller, која волонтираше прва на нејзе да се тестира потенцијалната вакцина за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Редакција

Од корона вирусот заболеле 718 здравствени работници, од нив 4 починале

Редакција

Помладите починати лица од Ковид-19 имаа страшни оштетувања на белите дробови, кои најверојатно потекнуваат од тромбози, вели Филипче

Редакција