еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За двајца се бара притвор: Петмина осомничени за предизвикување на пожарот кај Велес

Во врска со пожарот кој избувна завчера на територијата на општина Велес, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.

Како што соопшти ЈО, по скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените.

Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина.

Основното јавно обвинителство Велес иницираше постапка за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 од Кривичниот законик во врска со член 288 (Предизвикување општа опасност).

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес достави Предлог за определување мерка притвор за одговорното лице и за работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент.

За останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од пожарот кај Велес

(Фото) Како изгледа опожареното место околу езерото Младост од авион

Фото: Фејсбук/Во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 33,3%: Минатата недела од Ковид-19 починале 34 лица

Редакција

Нови 30 дена притвор за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски

Редакција

Најмалку 11 жртви во синоќешните земјотреси во Турција и во Сирија

Редакција