еМагазин
Image default
Бизнис

За еден месец издадени одобренија за градење на објекти во вредност од 63 милиони евра

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2019 година се издадени 222 одобренија за градење, што е на исто ниво во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3,9 милијарди денари (околу 63 милиони евра), што е за 12.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 135 (60.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (16.7 %) за објекти од нискоградба и 50 (22.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 136 (61.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 86 (38.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 463 станови, со вкупна корисна површина од 39.499 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Административците кои не работеа, а земаа плата се распределени, до крајот на јануари треба да почнат да работат

Редакција

Сите детали: Се менува Законот за финансиска дисциплина, помал надоместок за доценење

Редакција

Олгица Наумовска избрана за нов претседател на Холандско-македонска стопанска комора

Редакција