еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела, во Охрид 29, во Струга 55, во Дебар 35 нови случаи на Ковид-19

Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 4 до 10 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковисд-19 кај 29 лица од Охрид, 55 лица од Струга и 35 лица од Дебар.

Изминатата седмица од вкупно земените 345 материјали за испитување 237 се собрани според епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 188, Струга и Вевчани 104, Дебар и Центар Жупа 627), а 117 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар и тоа Охрид и Дебрца 69, Струга и Вевчани 48.

На домашно лекување во Охрид се 48 лица инфицирани со короновирусот, во Струга 46 пациенти, а во Дебар 20 пациенти.

Во Охрид има 133 активни слуачај на коронавирусот, во Струга 147, а во Дебар 76.

Во овој период оздравени се 57 лица од Охрид, 54 лица од Струга и осум лица од Дебар.

Изминатата седмица се регистрирани десет смртни случаи поврзани со Ковид-19 од кои по едно од Охрид и Дебар и осум од општина Струга.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 656 лица во овие општини и тоа 219 лица во општините Охрид и Дебрца, 300 лица во општините Струга и Вевчани и 137 лица во општините Дебар и Центар Жупа.

Оздравени пациенти од Охрид се 86, од Струга се 151, а од Дебар и Центар Жупа се 60 пациенти.

Во Охридско починати се шест лица, во струшко 34, а во Дебар и Центар Жупа пет лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свети Николе станува ново жариште на Ковид-19, моментално има 81 активни случаи

Вкупно 71 бремени жени заболеле со Ковид-19, без симптоми биле 32

19,9% од заболените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен Емил Јакимовски кој им се закануваше на новинарките Јорданова и Коровешовска

Редакција

Пациентите со цироза на црниот дроб имаат голем ризик за смртен исход од Ковид-19

Редакција

Седницата за реконструкцијата на Владата во понеделник

Редакција