еМагазин
Image default
Македонија

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Професорот Љубомир Фрчкоски во емисијата „Отворено студио 1“ на телевизијата 1ТВ, рече дека бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски е скандал за државата, но и дека моралните последици од него не ги согледуваат тие што се доворале околу тоа.

„Никого не можете да убедите дека тоа не е договор. Проблемот е кога неказнивоста се шири како став, ова е трет премиер за кого не може да се реазлира казната. Главниот креатор на криминалот го нема, и целата процедура станува иронична. Начинот на правдање како избегал е втора грешка.

Очигледно е дека кај МВР е грешката. Законска обврска е лице со одземен пасош да не му дозволите да ја напушти земјата. Оперативно МВР може да покрие лице ако процени дека има ризик. Они тука киксирале. Видете го речникот кој го употребуваат: кукавица, ги остави своите…

Можеби за нив е подобро Груевски надвор, со призната вина и девалвиран, отколку Груевски како херој во затвор. Но, за нас тоа е катастрофа и очигледно они не ги сфаќаат последниците, рече Фрчковски.

Тој истакна и дека не е точна тезата дека е потребно судски налог за следење, освен ако тоа следење не се користи како доказен материјал, а последицата на овој пропуст е дека немаме држава.

Фото: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По отварањето на истрага од СЈО: Заев за сега нема да бара оставка од Османи

Редакција

Османи апелира да издржиме: Порастот на заболените го одложи олеснувањето на мерките против корона вирусот

Редакција

Позитивни на Ковид-19 две вработени во градинки во Скопје и Битола

Редакција