еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„За“ или „против“: Неопходно е да се излезе на гласање на референдумот

Македонските граѓани во изминатиов период се изнаслушаа различни ставови, аргументи и квази-аргументи зошто треба или не треба да се излезе на гласање на претстојниот референдум за прифаќање на Договорот со Грција за промена на името на земјава во Република Северна Македонија и зачленување во ЕУ и НАТО.

Редакцијата на „еМагазин“ во оваа прилика ќе посочи неколку причини заради кои сметаме дека сите граѓани кои имаат право на глас треба да излезат и со гласање „за“ или „против“ да го кажат својот став по ова прашање.

1.Референдумот е највисока форма на непосредна демократија. Тоа е единствена шанса граѓаните директно да одлучуваат за судбината на земјата и за иднината на своите најблиски. Со оглед на тоа што власта веќе најави дека доколку нема цензус на референдумот за ова прашање ќе одлучува Собранието, бојкот на референдумот ќе значи давање согласност грст пратеници со сомнителни морални квалитети да решаваат за толку важно прашање кое за нашата земја може да има историско значење.

2.Во изминатиов период приврзаниците на страната за бојкот на референдумот излегуваа со квази-аргументи дека не сакаат со својот глас да дадат легитимитет на договор кој според нив е неуставен и против интересите на македонските граѓани. Ваквиот став не држи вода, бидејќи бојкотот не значи делигитимирање на референдумот, туку напротив укажува на недостиг од свест за државност. Имено, единствен начин да се чуе гласот на граѓаните кои се „за“ или „против“ договорот е да се излезе на гласање. Бојкотот значи премолчено прифаќање на вољата на другите гласачи односно на вољата на дваесетина пратеници од опозицијата кои сега „мудро“ молчат по ова прашање.

3. На крајот, редно е да се преброиме. Референдумот е единствен начин да видиме колку граѓани во земјава се „за“, а колку „против“ промена на името и зачленување во ЕУ и НАТО. Заблуда е дека бојкотот автоматски значи „против“, единствено што тој означува е немање став за прашања кои можат да имаат пресудно значење за иднината на нашата земја. Просто кажано, кога човек нема став, никој не го есапи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Редакција

Клиниката за радиотерапија и онкологија од „Зегин“ ќе набави лекови за 70 милиони денари

Никола Осило

Регулаторната комисија за енергетика вработува четири лица, плата до 54.605 денари

Никола Осило