еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

За Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 денеска ќе се зборува во Кочани, а во петок во Богданци

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска и утре ќе ја претстави Мерка 3 во градовите Кочани и Градско. Министерството ги поканува сите заинтересирани граѓани, претпријатија, (микро, мали и средни) и заинтересираните задруги да дојдат и да се информираат околу инвестициите.

Средбата во Кочани ќе се одржи денеска (28.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот.

Наредниот ден (29.01.2020), со мерка 3 ќе се запознаат заинтересираните во Богданци во ресторанот „TP EVRI – RD.“ Средбата е закажана за 11:00 часот.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на на имотот на претпријатието.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, agencija.gov.mk, ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот парламент, но отфрлен амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија

Редакција

„Ковид пасошите“ на сила од 26 јуни за цела Европа

Редакција

Германскиот амбасадор во Србија: Наскоро ќе биде познат датумот за почеток на преговорите со Северна Македонија

Редакција