еМагазин
Image default
Македонија

За нацрт-амандманите за промена на Уставот, Македонија ќе ја консултира и Грција, иако тоа не го предвидува договорот од Преспа

Откако ќе бидат завршени нацрт-амандманите за промена на Уставот на Македонија, кои се предвидени со договорот за името со Грција, во кои клучно е менувањето на името на државата во Северна Македонија, ќе бидат испратени и на грчката Влада за консултација, потврди премиерот Зоран Заев.

Договорот со Грција не го предвидува и бара тоа, но Заев вели дека тоа е во духот на договореното кога ќе биде дефинирано се да биде исконсултирана и грчката страна.

Нацрт-амандманите се очекува да стигнат во Собрание до петок, а во истите ќе бидат вметнати и предлозите на осумте пратеници од опозицијата, кои се однесуваат на делот за зајакнување на македонскиот идентитет, гаранцијата дека процесот ќе биде истеран до крај и нема да биде повторно блокиран од Грција, односно дека уставните амандмани ќе влезат во сила со рафитикацијата во грчкиот Парламент и во делот на внатрешната примена на новото име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нацрт-амандманите за измени на Уставот во Собрание до петок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, поднесе оставка

Редакција

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Редакција

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Редакција