еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

За новиот министер Хисен Џемаили интернетот е компјутерска вештина

Премиерот Зоран Заев го предложи Хисен Џемаили за министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Неговата биографија стигна во Собранието, а еМагазин открива детали од неа.

Што пишува во неговата биографија?

Џемаили е роден во 1976 година. Завршил гимназија во Тетово, а се стекнал со звање професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Алабанија.

Подоцна станал магистер по менаџмент на животна средина на Југоисточниот Европски Универзитет во Тетово, а од 2012 година почнал со докторски студии на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет во Тирана кои се уште не ги завршил.

Тој говори албански, македонски и англиски јазик, а како компјутерски вештини навел Word, Exel, Power point, статистички програми, интернет и др.

Инаку, Џемаили во македонската јавност е најпознат по тоа што беше еден од обвинитетите во таканаречените Хашки случаи и тоа за случајот „Мавровски работници“ во кој злоставувани беа градежни работници за време на конфликтот во 2001 година.

По него беше распишана и потерница, а овој случај беше ставен „под тепих“ во 2011 година со Законот за амнестија.

Целата биографија ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дипломирала со просек од 9,94: Што пишува во биографијата на идната министерка за финансии, Ангеловска

Хисен Џемаили познат од случајот „Мавровски работници“ ќе стане министер за странски инвестиции

Фото: Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фактурите за парно за октомври се доставуваат, без провизија може да се платат на пунктовите на ЕСМ Снабдување

Редакција

Ердоган: Анкара ќе го поддржи влезот на Шведска во НАТО доколку ЕУ повторно ги отвори преговорите со Турција

Редакција

Со лични карти без „Северна“ по 12. февруари нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Редакција