еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За осум дена ќе се знае дали Никола Груевски ќе стане првиот премиер-затвореник

Не стивнуваат реакциите во јавноста по вчерашната одлука на Апелацискиот суд кој ја одби жалбата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ја потврди пресудата од две години затвор која му ја изрече Кривичниот суд за набавката на луксузниот мерцедес вреден 600 илјади евра.

Откако ќе ја добие одлуката на Апелацискиот суд, Кривичниот суд има рок од осум дена да го издаде упатниот акт за издржување на казната со датум кога Груевски треба да се јави на издржување на казната затвор.

Инаку, Груевски по одлуката изјави дека станува збор за политички прогон, кажа дека нема да доставува нови докази до Врховниот суд и најави дека ќе ги искористи сите правни лекови кои му стојат на располагање.

Груевски сега може да да поднесе барање за заштита на законитоста, со кое треба да се согласи и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) или да бара вонредно преиспитување на пресудата.

За двата правни лекови одлучува Врховниот суд каде што претседател е Јово Вангеловски.

Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски сеир: Твитер и Фејсбук зовреа по пресудата за Никола Груевски

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Апелација потврди: 2 години затвор за Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Раде Трајковски – Штекли доби нова смртна закана на Тик Ток, ако преживее ќе го обесат

Редакција

Германски пратеник поднесе оставка оти добивал пари за да ја советува партијата на Груевски

Редакција

Нејзината професионалност ја однесе во „Вог“: Која е Јована Нешова која гази на светската модна сцена

Редакција