еМагазин
Image default
Македонија

За пари од платената политичка програма за изборите се пријавиле 242 медиума од кои 159 портали

До Државната изборна комисија (ДИК) барања за регистрација и ценовници за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори на 12 април доставиле 242 медиуми.

Во Регистерот на ДИК се ставени 159 портали, 39 радио станици, 12 печатени медиуми и 32 телевизии. Сите тие, исто така, доставиле и ценовници за платена политичка програма.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одењето на ќерка ми кај папата беше според протокол, рече Ковачевски

Редакција

Спор меѓу Софија и Скопје: Понижувањето како критериум за пристапување во ЕУ

Редакција

Ако вакцинацијата продолжи со ова темпо, кон средината на октомври би имале пораст на колективниот имунитет, оцени Филипче

Редакција