еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Министерство за здравство информира дека за прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент.

„Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на Ковид-19„, велат од Министерството.

Вкупно заболени од корона вирусот кај нас до денеска има 1.506.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во шест градови во државата нема повеќе заболени од корона вирусот

Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово

Убава вест: Оздравени уште 45 пациенти, вкупно 852 излечени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата со Грција најверојатно ќе остане затворена и по 1 септември

Редакција

Што значи зголемувањето на минималната плата: 2.175 денари за работникот, 3.355 за државата

Редакција

Од утре за влез во Србија ќе ни треба негативен ПЦР тест

Редакција