еМагазин
Image default
Македонија

За првиот заболен функционер од Ковид-19, градоначалникот Крстев се ширеле дезинформации дека починал

Градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, кој е првиот функционер заразен со Ковид-19 во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата Телма, рече дека се чувствува добро, но и дека има дезинформации низ Општината за кои тој реагирал и пријавил во полиција.

Крстев рече дека слушнал дезинформации дека за него се зборува дека починал и дека се уште полицијата нема превземено никакви активности против лицето, иако, како што рече, има закон за ширење на лажни информации.

Тој рече и дека пред неколку дена се тестирале и неговите деца. Тестовите биле негативни, како и на еден од вработените во Општината, а се очекуваат резултатите од останатите вработени.

Тој е во самоизолација повеќе од 12 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 76,4% од починатите од Ковид-19 во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

30,6% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

(Табела) 38 починати од Ковид-19 во Македонија, најмногу во Куманово

На возраст над 50 години, 7 хоспитализирани: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Фото: Фејсбук/Крстев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Коалицијата предводена од СДСМ: Консултации за консензуален кандидат за претседател

Редакција

(Фото) Ненајавена средба на Османи со Борисов на софискиот аеродром

Редакција

Продолжува судењето за обвинетите за протестот за пресудата за „Монструм”

Редакција