еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За првомајскиот викенд сонце и повремен дожд

Времето на 1. Мај ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнето ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе се движи од пет до 13, а максималната температура од 20 до 26 степени.

Како што соопшти УХМР, до крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд.

На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Можна е и појава на град.

За време на викендот минималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо. Минималните температури ќе бидат од три до 10 степени, а максималните од 15 до 24 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Остана без пензија: Два месеца штипјанка пред ПИОМ не може да докаже дека е жива

Редакција

Востоличувањето на митрополитот Крушевски и Демирхисарски Јован, условен со неприсуство на Бигорското монашко братство

Редакција

Лекарска комора: Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од Ковид-19

Редакција