еМагазин
Image default
Локално

За секое новороденче во Старо Нагоричане, 6.000 денари

Општина Старо Нагоричане ќе исплаќа по 6.000 денари за секое новороденче.

Со оваа одлука што ја донесе Советот на Општината на последната седница, се менува досегашната од пред дванаесет години со која за секое новороденче се исплаќаа по 50 евра во денарска противредност.

Одлуката ќе стапи во сила осум дена од објавувањето во Службен гласник на општина Старо Нагоричане.

Покрај оваа одлука, советниците на последната седница одлучија да  остане одлуката донесена за ослободување од плаќање 15 метри кубни потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку Јавното комунално претпријатие „Козјак” Старо Нагоричане.

МИА/Фото: goodtoknow.co.uk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарка посредувала при проституција во Тетово

Редакција

Кривична пријава за кумановец кој предизвикал пожар

Редакција

Расветлена кражбата на парите за пензии за пробиштипските пензионери

Редакција