еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сите детали за предметот „Глобал“ за кој Антикорупциска го става на тапет премиерот Заев

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (или позната во јавноста како Антикорупциска комисија), Билјана Ивановска за Топ Тема на телевизијата Телма најави дека комисијата отвара предмет за премиерот Зоран Заев за случајот „Глобал“.

За што се работи во случајот „Глобал“

Случајот „Глобал“ најверојатно ќе го „следи“ Заев до крајот на неговата политичка кариера, а истиот му остави и лична трага, бидејќи поради него помина извесно време во притвор.

На 17 јули 2008 година, поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица, Заев, кој тогаш беше градоначалник, беше уапсен заедно со уште петмина негови “соработници“.

Заев заврши во притвор.

Тој и неговите „соработници“ беа осомничени за непочитување на право на денационализација, за прекршување на Законот за јавни набавки и за градба на државно земјиште без согласност на Владата.

Заев тогаш обвини за монтиран процес, политички прогон и обид за негов линч, а неколку години подоцна откри дека на „монтирање“ на овој случај во МВР, кој се водел како „Зајче“ се работело уште пред година и пол и истиот бил даден на тројца инспектори на кои им биле дадени сите механизми на полицијата на располагање, вклучувајќи следење, прислушување, закани…

Заев неколку години подоцна обвини и дека министер од тогашната влада, додека бил во притвор се јавувал на судии. Тогаш рече и дека добивал и закани во притворското оделение, а претходно двапати му било саботирано приватното возило.

Случајот не стигна во судница, Заев беше аболициран

Случајот „Глобал“ се заврши по аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со кое Заев и неговите „соработници“ беа пуштени на слобода.

Случајот никогаш не стигна во судница.

Судски пресуди за Глобал од Управниот и Врховниот суд          

Во 2011 година, Управниот и Врховниот суд донесоа пресуди со кои се потврди законитоста на постапката за изградба на Глобал.

 „Конечно дојде и тој миг за да се дознае вистината за случајот „Глобал”. Ова се двете судски пресуди на Управниот суд на Република Македонија и на Врховниот суд на Република Македонија, повторувам на Врховниот суд како највисока судска инстанца во државата, со кои правосилно се потврдува законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на Глобал. Значи, овие две судски одлуки потврдуваат дека изградбата на Глобал е чиста како солза“, изјави тогаш Заев.

Со аболицијата случајот беше ставен надвор од судска процедура, а со тоа се изгуби можноста по судски пат Заев и останатите да ја докажуваат својата невиноста.

Тие поведоа управна постапка за докажување на законитоста и комплетноста на постапката за изградба на Глобал.

„Одлучивме таа постапка да ја води инвеститорот „Делукс инженеринг“ кој беше партнер на општина Струмица во првото јавно приватно партнерство во Македонија. Целта беше да се бара судска потврда на законитоста и комплетноста на постапката за изградбата на Глобал без да фигурира Заев, без да фигурира општина Струмица за да отстраниме секаква можност за повторна политизација на овој случај. Успеавме, тоа го докажавме“, изјави тогаш Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска отвори четири постапки за премиерот Заев

(ВИДЕО) За што се работи во случајот „едно евро за Вицето“, за кој Антикорупциска отвара случај за премиерот Заев

Фото: Build.mk/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каква е состојбата со граничните премини на соседните и околните држави

Редакција

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција

„Бугарија покажа дека нема расчистено со фашизмот, а ЕУ тоа го дозволи„: Твитер реакции за ветото

Редакција