еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што се „скараа“ СДСМ и ДУИ

Денеска ќе биде појасно дали навистина има проблеми во владејачката коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ или станува збор за уште едно дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој за денеска најави средба со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, тврди дека нема проблеми во функционирањето на владеачката коалиција.

Со Заев ќе разговарале и за заеднички кандидат за престојните претседателски избори.

„Можно е да постојат разлики за одредени прашања што не го загрозуваат интегритетот или моралот на ДУИ или СДСМ… Доколку може да има влада без ДУИ би рекол дека се прави голема грешка, но тоа може да биде изјава на член или на функционер на СДСМ, кој нема одговорност за големата историска мисија што ја има Република Македонија“, изјави меѓудругото Ахмети, одговарајќи му и на пратеникот и потпреседател на СДСМ, Мухамед Зекири дека можна е Влада и без ДУИ..

Заев пак изјави дека СДСМ и коалицијата имаат 58 пратеници, а не 61 и дека ДУИ им се потребни во коалицијата.

“Имаме коалиција од 58 пратеници. Ако ги одземете десетте пратеници на ДУИ, имаме 58, значи немаме 61. Така да, тоа не е баш така едноставно, затоа сериозните политички субјекти сериозно пристапуваат на сите проблеми.

Прво ги наоѓаат причините, второ ги дават одговорите пред јавноста и трето даваат заклучоци кои што би значеле ако се направени некои грешки, како да не се повторат тие грешки.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е на сериозна функција во партијата, а секако и во државата преку пратеничкиот мандат. Вредно е да се разгледаат сите аргументи и од Зекири, како и од сите други пратеници, да ги слушнеме и нашите партнери ДУИ за да можеме на крајот да донесеме заклучоци“, изјави Заев.

Што ги „скара“ СДСМ и ДУИ?

Судејќи според однесувањето и изјавите на членови на двете партии изминативе денови една од причините за „кавга“ во коалицијата може да е неодземањето на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Втора причина може да биде донесувањето на законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој се уште не е стигнат на владина седница.

Медиумите деновиве пишуваат дека една од причините за наводното несогласување на владејачките партии е токму овој закон, со кој ќе се овозможи да бидат гонети неколку функционери на ДУИ, меѓи кои и лидерот Ахмети и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Османи пак вели дека тоа е лажна вест и дека ДУИ дава апсолутна и целосна поддршка на СЈО.

“ДУИ е и единствената партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага од домашни и меѓународни организации на сите функционери од 2002 до сега, бидејќи е време да се почне битката против лажните вести и пропаганда. Значи ДУИ е единствената партија и ги повикуваме и другите политички партии да го направат истиот повик до институциите да направат истрага на нивните функционери додека биле на власт“, изјави Османи.

Како трета причина може да биде и несогласувањата околу заедничкиот кандидат за претседателските избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот“

„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре леб и за 33 денари, пекарите ќе почнат правна битка со Владата

Редакција

Американската амбасадорка убедена оти „Бехтел“ работел транспарентно и законски, опозицијата критикувала заради политички поени

Редакција

Цената на становите во Скопје продолжува да расте, во четвртиот квартал лани пораснала за 7%

Редакција