еМагазин
Image default
Македонија

За СПЦ Македонците биле неиспилени Северномакедонци, а Македонија измислена државичка

Веќе нема никакви дилеми што е главната причина за отпорот на СПЦ за признавање на автокефална црква во Македонија. Грчкиот интернет портал „Ромфеа“ го објави во целост писмото што српскиот патријарх Иринеј му го испратил на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во кое му ги објаснува причините зошто не треба да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, пренесува сајтот религија.мк.

Во тоа писмо полно со навреди и говор на омраза, Иринеј пишува дека Македонија, Македонците и македонскиот јазик и Македонската Православна Црва се измислена категорија на Комунистичка Југославија и на Тито, исто како што се измислени и Црногорците и Бошњаците, пренесува религија.мк.

-Комунистичка Југославија беше организирана според советскиот образ и пример: државата се претвори во федерација, се подели на „републики“, во 1974 година беше преобразена во конфедерација, односно се подели на обединети држави, а во 1991 година се распадна, однадвор и одвнатре, на „независни“ држави и државички.

Паралелно беа објавени новосоздадени народности („Црногорци“, „Македонци“ односно неиспилени „Северномакедонци“, „Муслимани“ преименувани во „Бошњаци“…) и новоизмислени јазици („црногорски“, „македонски“, „босански“). Процесот на понатамошно произведување на „народи“ и „јазици“ беше прекинато од смртта на државата што настапи во меѓувреме. Како некогаш во Советскиот сојуз, оваа стварност беше придружена и од создавањето на нови Цркви, поточно кажано расколи, кои одеа во прилог на комунистичката партија и нејзината идеологија, пишува во писмото Српскиот патријарх Иринеј.

Писмото е напишано на старогрчки јазик, што според добро упатени извори на религија.мк, тој јазик не го зборува Српскиот патријарх, но одличен негов познавач е Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, што пак укажува на тоа дека најверојатно и тој е авторот на писмото.

-Режимот на Тито на овој начин ги објави, помеѓу другото, за „Македонската Православна Црква“ јужните црковни епархии кои од Цариградската Патријаршија беа отстапени на Српската Патријаршија преку Патријаршиски Томос од 1922 година. Се работи за единствената Црква во историјата, чиј создател е и официјално комунистичка партија, за што постои и соодветен указ, објавен помеѓу другото, пишува во продолжение во писмото.

Од текстот на писмото лесно се чита дека СПЦ е свесна за намерата на Вселенскиот Патријарх да ја признае независноста на МПЦ, но и тоа поради кои причини тоа би го направил Вартоломеј, за што СПЦ бара од него три пати да измери пред да пресече.

-Наводно се планира да се примени истиот аргумент [на поранешно црковно мајчинство, новојавен канонски параметар, како што се планира за Украина] и за расколничката „Македонска Православна Црква“, која неканонски и незаконски ги узурпира епархиите на древната Охридска Архиепископија, кои по нејзиното укинување беа вклучени во телото на [Константинополската] Света Црква, а доделени на [Српската] Црква преку Томосот од 1922 година. Ако, не дај Боже, стане вакво нешто, тоа ќе биде обистинување на мудрата грчка изрека, според која „после едно допуштено зло, илјадници зла следуваат“, како и потврдување на секогаш актуелната поука на нашиот Спасител, дека кога изгонетиот нечист дух „зема со себе седум други духови, полукави од него“, заедно со нив влегува повторно во човекот и „живее таму“, ако својот претходен „дом“ го пронајде „празен, исчистен и уреден“ (Мт. 12, 43-45, в. Лк. 11, 24-26). Никој од нас не посакува да дојде до резултатот дека „последната состојба на оној човек станува полоша од првата“ (Мт. 12, 45; в. Лк. 11, 26).

Значи, не би сакале да дојде до таков жален резултат, едно зло, или подобро кажано еден нечист дух – каде што зло и дух се веќе постоечките расколи – да бидат последувани од други зла и други лукави демони, односно некој нов раскол, подлабок и уште понеизлечив, или повеќе расколи. Затоа пак и пак Ве молиме и просиме пред Вашата Светост и љубов: пред еднаш да пресечете, трипати измерете!, пишува во писмото потпишано од Српскиот Патријарх Иринеј, испратено до Вселенскиот Патријатх Вартоломеј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Направени се исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, но треба да се внимава, вели Османи

Редакција

Пресудата за „27 април“ судијката Кацарска ќе ја соопшти на 15. март

Редакција

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа, се прават напори да се вратат преку Египет

Редакција