еМагазин
Image default
Балкан

За Србија упадот во РТС е „македонско сценарио“

За време на синоќешниот упад на демонстрантите од антивладиниот протест познат како „Еден од пет милиони“, предводени од лидерот на опозицијата, Бошко Обрадовиќ, во зградата на јавниот сервис РТС во Белград, на вонредна прес конференција, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, рече дека државата ќе мора да одговори на овој чин и дека секој што ќе го прекрши законот ќе биде прекршочно и кривично гонет, пренесуваат српските медиуми.

„Насилството на демонстрантите се случи во многу лоша, тешка форма. Тие го демолираа влезот во РТС, го демолираа приземјето, влегоа внатре. Тие им се закануваа на новинари, користеа насилство насекаде и ова не смееше да се случи“, рече Стефановиќ.

Тој рече дека демонстрантите одат по „македонско сценарио“, споменувајќи го насилниот упад во македонското Собранието на 27. април 2017 година.

“Државата на ова ќе мора да одговори и секој кој беше во РТС насилно, против законски, правел насилство, се заканувал или на друг начин ги кршел законите, ќе одговара прекршочно и кривично, секој човек. Овие луѓе кои се восхитуваат со „македонското сценарио“ и велат дека е прекрасно што некој е осуден во Македонија и што некој дозволил народот да влезе во Собранието, осуден на 18 години затвор, сега го прават тоа, упаѓаат во РТС, повикуваат на насилство, на кршење на законот, на насилство кон новинарите и вработените во РТС“, рече Стефановиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ пак оцени дека упадот во РТС е вандалски чин на СзС, кој укажува на тоа дека целта е насилно менување на власта, пренесуваат српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер „удри“ по Вучиќ

Вучиќ за упадот во РТС „удри“ по Заев и неговите српски советници и соработници кои ги нарече криминалци

(ВИДЕО) Србија: Демонстранти упаднаа во зградата на РТС, полицијата ги извлече

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки медиуми: Албанските власти кријат докази за убиството на Кацифас

Редакција

Грчките медиуми за азилот: „Груевски се спаси во Унгарија„

Редакција

Каменос: Ципрас греши што го поддржува веќе мртвиот Договор од Преспа

Никола Осило