еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За тоа што СЈО е пред свршен чин, главни виновници се СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а не Врховен суд

Формирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред три и пол години, беше политичка одлука. Во Собрание за него гласаа 111 пратеници.

Дека Законот за СЈО, кој е основата за неговото формирање, функционирање, ингиренции, а и кој ја дефинира неговата иднина има сериозна фалинки, како што е членот 22, кој предвидува дека СЈО може да подигнува обвиненија во рок од 18 месеци, знаеа сите тие 111 пратеници кои гласаа ЗА уште пред оваа институција да биде формирана.

Сите тие пратеници останаа глуви на апелите од стручната јавност дека овој член во иднина ќе направи сериозни проблеми и дека овој временски период не е доволен за да СЈО изгради издржани предмети за да се справи со криминалот за кој јавноста слушна преку т.н. бомби.

Сите тие пратеници знаеа и дека СЈО ќе има сериозни пречки и опструкции од многу институции за да ја реализира својата мисија на време. Ама и тоа не го зедоа во предвид при формулирањето на овој Закон.

Тоа што се предвидуваше и се случи. СЈО имаше сериозни проблеми со неколку важни институции за неговата работа, а ги „докрајчи“ аболицијата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Од СЈО имаа големи очекувања, а истото го очекуваше и јавноста, дека со промената на власта под итно ќе им се излезе во барањата да се дефинира законски и издржано нивната работа, но и по речиси две години од доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ, се уште се дебатира каква да биде иднината на СЈО и уште не е договорено законско решение.

Немало време, бидејќи во Собрание се работело на многу важни работи, какви што се уставните измени, за да се отвори патот на Македонија за влез во НАТО и ЕУ. ОК.

А имаше време во Собрание да стигне закон кој предвидува покачување на платите на вицепремиерите, законот кој „удри“ по пазарџиите и други неприоритетни закони.

Така да „фрлањето“ камења сега по Врховниот суд е фарса. Секој правник ќе Ви каже дека убаво и јасно си е напишано во Законот колкав е рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО.

Врховниот суд дури и ни направи услага. На време не поштеди од големи трошоци за предметите на СЈО кои кај да е ќе стигнат кај него за мислење, па истите ќе паднеа во вода.

Да не ги спомнуваме нашите парите кои до сега СЈО ги потроши. Во прашање се неколку милиони евра. Нема дилема, тие што ни ја водат државата се експерти за фрлање на пари во бунар.

Се знае кој се главните виновници за тоа што СЈО е пред свршен чин. Од авион се гледа дека денеска на ни една политичка партија не и одговара СЈО.

Ако толку им беше важно СЈО и сериозната борба против криминалот до сега ќе донесоа пет, а не еден закон со 120 гласа и сега немаше да дебатираме што ќе се случи со истрагите и предистрагите и предметите на СЈО и кој ќе ги земе, туку ќе зборувавме за висината на казните за криминалците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бомбите“ може да бидат доказ и ако Обвинителството преземе дел од случаевите на СЈО, вели Русковска

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Универзал-Балкан“ ќе ја реконструира Универзална сала

Редакција

ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка за кредит од осум милиони евра

Редакција

(Фото) Пендаровска во Кенија за унапредување на репродуктивното здравје и права на жените

Редакција