еМагазин
Image default
Македонија

За упасените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори, вели Заев

Во врска со упасените македонските дипломати во соседна Србија, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ние ќе постапиме согласно сите меѓународни договори коишто сме ги прифатиле, потврдиле и поддржале, но оти ќе се побараат и сите правни акти за заштита на нашите граѓани.

-Дипломатите додека не ги побара некоја земја како и за секој граѓанин важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара.

А самите дипломати, односно вработени во МНР работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома, рече Заев.

За дипломатот кој бил баран со меѓународна потерници и потоа упасен на македонско – српската граница, како што сум бил информиран од МНР, целата негова кариера дел од времето поминал надвор, дел поминал тука.

„Ќе сакаме да дополнително ги дознаеме сите правни акти кои се, затоа што пред се должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров за приведениот дипломат: Во 2019 година се добиени првите индиции, но немаше потерница или пресуда

По апсењето на македонскиот дипломат, Османи најави ветинг

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ: Цела децeнија Мицкоски молчеше за црнила кои 11 години ја уништуваа Македонија

Редакција

Одбиена жалбата на екс-директорот на УБК, Атанасовски за притворот од 30 дена

Редакција

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

Редакција