еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, а денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинитество против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај, соопшти потретседателот на партијата Алкесандар Николовски по синоќешната седницата на Централниот комитет.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт и за избори, туку за зачувување на името на Македонија.

„Среќни сме со резултатот од референдумот со кој уставното име е зачувано. Ги повикуваме граѓаните да се обединат за заштита на државните интереси и за ставање крај на последните политичари од транзицијата кои ја водат Македонија назад“, изјави по состанокот на ЦК, Николовски.

Обвини дека за време и по референдумот се вршени притисоци.

„Над 50.000 гасови биле злоупотребени во текот на референдумот, а и грубо биле полнети кутии.  Голем број граѓни кои не излегоа или излегоа и гласале „против“ се преместени до своите работни места или избркани од приватни компании“, рече Николовски.

За евентуалните предвремени избори, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за формирање влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена пред изборите, барањето за формирање на Анкетна комисија во Собранието која треба да ги истражи нерегуларностите на референдумот и смена на јавниот обвинител и именување на нов од опозицијата, кој ќе ги истражи нерегуларностите на референдумот.

Рече и дека на синоќешната седница не станало збор за кадровски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ одбива: Како треба да изгледа техничката влада според „Пржинскиот модел„

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

Извршен одбор на СДСМ: Предвремени избори доколу пратениците не поддржат уставни измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По апсењето на Асанж: Што објави „Викиликс“ за Црвенковски, Груевски, Глигоров, Димитров…

Редакција

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман за ултиматумот од Бузаку: Не се занимавам со геј

Редакција

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград, какви се цените

Редакција