еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Ахмети со спротивни ставови за формирањето на војска на Косово

Владините партнери, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и премиер и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, имаат спротивни ставови за формирањето на војска на Косово.

Заев, за формирањето на косовската војска изјави дека на регионот не му се потребни нови тензии.

Тој апелираше до своите колеги, премиери, да внимаваат на своите чекори.

„Да ја унапредиме економската соработка, да постигнеме траен мир, раст, развој и членство во ЕУ„, порача вчера Заев.

За Ахмети, пак формирањето на војската на Косово е камен темелник на мир и стабилност во регионов.

„Одбележувањето на границата меѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Договорот од Преспа, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици кои ни престојат. Сите од нас кои имаат исти вредности и цел за еднаквост, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помагаат едни на други“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил, под сликата на која е облечен во воена униформа.

Вчера во парламентот на Косово, беше изгласан новиот закон, со кој постојните 4.000 припадници на Косовските безбедносни сили се трансформираат во регуларна, лесно вооружена армија.

Пратениците од српското малцинство го бојкотираа гласањето.

Новата војска ќе го задржи името Косовски безбедносни сили, но со нов мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

НАТО: Погрешно време е за косовска војска

Србија загрижена поради одлуката за формирање војска на Косово

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негрижа на родител прати 14 ученици во изолација, вели Папаров директорот на штипското училиште „Ванчо Прќе“

Редакција

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Редакција

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

Редакција