еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Заболената лекарка од Куманово раскажува за состојбата со корона вирусот: Засега, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом

Лекарката Гордана Николиќ, која е една од заболените од медицинскиот персонал од Куманово, со порака на Фејсбук, за нејзината состојба, но и за она што другите треба да го правиме.

„Драги мои Фејсбук пријатели Ковид -19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19 . Денес дознав.

Шок, секако… не сакам да верувам. Немам написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи.

Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи…

Можам само да претпоставувам од кого го добив, не да тврдам. За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат.

Имав контакт службено и со заболената која почина, имав контакти и со „здрави“ луѓе на работа.

Не шетав никаде надвор од Македонија.Не знаеме кој е носител, а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА, Вие кои не морате да одите на работа.

Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра, ако веќе морате. Користете мобилен за муабет.

Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот. Нема ни во лифт да се возам да знаат. Ќеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата.

Не се плашам за мене, се плашам за другите. И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи.

За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак. Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите,“ напиша Николиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Колку од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронични заболувања

(Фото) Како изгледа алгоритамот според кој лекарите утврдуваат кој ќе се тестира од корона вирусот

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Фото: Фејбук/Николиќ/Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска исти правила за патување на грчките острови, како и за влез во Грција

Редакција

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Редакција

Љубе Бошкоски го победи корона вирусот, првично сметал дека Ковид-19 е теорија на заговор

Редакција