еМагазин
Image default
Македонија

Забраната за движење во шуми не ги опфаќа заштитените подрачја Водно, Гази Баба и другите национални паркови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на денешната прес-конференција истакна дека мерката за забрана во шумите не е целосна, туку делумна и е донесена заради спречување на шумските пожари.

– Мерката која што е донесена се води како делумна забрана и што значи сето ова. Само да напоменам, најверојатно кога граѓаните реагираат не ги знаат податоците или не ги интересираат многу анализите.

Само во последните 30 дена во овој период во кој многу од граѓаните се чудеа зошто е донесена, бидејќи имавме и снег по планините и повисоките места, имаме 25 шумски пожари. Делумната забрана за движење е токму за да се заштитат шумите од пожарите, рече Димковски.

Димковски информира дека сите оние лица кои имаат потреба од извршување на економски активности во шумата како што се собирање на шумски билки и печурки, но и планинарите преку планинарките друштва, треба да се пријавуваат во подружниците на „Национални шуми“ во градовите и добиваат дозволи за движење.

Тој посочи дека ова мерка се однесува само за шуми со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ и не ги опфаќа заштитените подрачја Водно, Гази Баба и другите национални паркови.

– Токму Водно бидејќи е карактеризирано како заштитено подрачје, односно парк шума, и не само Водно, истиот случај е и со шумата во Гази Баба, кадешто овие не подлегаат под ова забрана, бидејќи со нив не стопанисува ЈП „Национални шуми“ и тие воопшто не се влезени во ова забрана.

Движењето е слободно, но имајќи ги на ум сите рестриктивни мерки коишто ги донесе Владата, рече Димковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Граѓани покренаа петиција против забраната за движење во шума

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни се денешните дојави за бомби

Редакција

Нови 182 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје 107

Редакција

Убава вест: 166 оздравени од Ковид-19

Редакција