еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Забрзано растат нефункционалните потрошувачки и станбени кредити на граѓаните

Нефункционалните кредити на домаќинствата порасна за 1,4% или за 52 милиона денари во првите три месеци од годинава, односно двојно побрзо во споредба со растот од последното тримесечје од 2018 година, покажуваат податоците што ги објави Народната банка во најновиот извештај за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од годинава.

„Овој раст речиси во целост им се припишува на нефункционалните потрошувачки кредити (коишто се зголемија за 49 милиони денари, или за 2,2%), што може да е показател за одредено остварување на ризиците од побрзиот раст и олеснетите услови кај потрошувачкото кредитирање во изминатиот период.

Сепак, кварталниот раст на нефункционалните потрошувачки кредити бележи извесно забавување во последните неколку квартали“, се вели во извештајот.

Истовремено, нефункционалните станбени кредити се зголемија во првиот квартал од 2019 година за 11 милиони денари (или за 2,5%), откако во изминатите три години овие кредити главно одржуваа надолна квартална динамика.

„За одбележување е и зголемувањето на нефункционалните кредити за набавка и реновирање деловен простор (од 17 милиони денари, или 76,5%). Сепак, растот на нефункционалните кредити на домаќинствата за потребите на потрошувачката и за набавка и реновирање станбен и деловен простор, делумно е неутрализиран од намалувањето на останатите нефункционални кредити на домаќинствата“, пишува во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доминација: Странци го собираат кајмакот во македонскиот банкарски сектор

Преполовена добивката на македонските банки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Еден од најпрепознатливите македонски брендови „Бекутан“ на Алкалоид го слави 45. роденден

Редакција

Нови 640 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Ќе одлучува ли суд чива е Алијанса за Албанците?

Редакција