еМагазин
Image default
Локално

Зачестени физички напади во Скопје

Полициските билтени деновиве се полни со информации за физички напади. Во денешниот билтен МВР информира дека вчера во 15,00 часот во Полициска станица Аеродром Д.К.(48) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 00,15 часот на булеварот “АСНОМ“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападат од Ф.Р.

На 14.08.2019 во 21,40 часот во СВР Скопје М.А.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21,15 часот во казино на улицата “Жан Жорес“ физички бил нападнат од едно лице.

На 15.08.2019 во 05,00 часот во СВР Скопје А.А.Ц.(37) пријавил дека околу 03,40 часот на булеварот “Партизански одреди“ бил физички нападнат од неколку лица.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на сите случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР заплени златни монети од прилепчанец: Претреси во повеќе градови

Редакција

Излегол од автомобил и му го застрелал кучето

Редакција

Оштетени надгробни споменици на гробиштата во село Брњарци

Редакција