еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зачестија грабежи: „Живот на коцка“ во скопските казина, но и во банките

Загрозена ли е безбедноста на скопските казина и банки е прашање кое заслужува внимание откако вчера петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки го ограбија казиното „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае.

За среќа, разбојниците само ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале.

Пред само неколку дена, на 17 јануари во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка исто така се случи вооружен грабеж.

Исто така, среќна околност е што ниту еден од клиентите кои се затекнале во експозитурата, како и од вработените на банката не бил повреден.

Овие два случаи се само продолжение на низата грабежи, чија мета главно се казината во главниот град.

Имено, на 13 јануари, годинава во казино во Кисела Вода едно лице со закана од вработениот го одзело дневниот промет и побегнало.

Претходниот месец на 06 декември во казино на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, две лица со закана од вработениот одзеле пари.

Четири дена пред тоа, на 2 декември во казино на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје едно лице со закана од вработените одзело пари.

Останува отворено прашањето дали станува збор за изолирани случаи или пак за криминалци и организирани банди кои пикираат вакви објекти.

Без оглед на тоа, впечаток е дека влегувањето во банка, а уште повеќе во казино станува се поризично, бидејќи не се знае кога ќе улета некој „клиент“ барајќи пари со закани или огнено оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Филм“ во Влае: Банда маскирани лица вооружени со автомати ограби казино

Во грабежот на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени 8.700 евра, банката ќе работи од понеделник

Ограбено казино во Кисела Вода

Ограбено казино на улица „Вангел Тодоровски“ во Скопје

Фото: GoodFon

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство го распиша тендерот за изградба на нов Клинички центар

Редакција

Најдено безживотно женско лице кај тетовскиот трговски центар

Редакција

Се повлекува ли полека Трифун Костовски од неговата финансиска империја?

Редакција