еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

{Заедно} за подобро утре: ДМ дрогерие маркт распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

Во понеделник, 10 јули, дм дрогерие маркт распиша конкурс на кој може да се пријават проекти чија цел е давање придонес кон подобрување на здравјето на жените, информираат од таму.

На веб страницата dm-zaedno.mk од 10 јули до 20 август 2023 отворени се пријави за проекти од областите за унапредување и зачувување на физичкото и менталното здравје на жените и унапредување на квалитетот на живот.

„Една од најважните области во која dm инвестира долги години е подобрување на здравјето на нашите сограѓани и здравствената заштита која им е достапна. Со отворениот конкурс {ЗАЕДНО} за подобро утре сакаме да го свртиме вниманието на темите и предизвиците со кои се соочуваат жените во нивниот приватен и професионален живот и да поддржиме проекти кои долгорочно ќе имаат позитивен ефект врз нивното здравје и благосостојба.

На овој начин сакаме да влијаеме на квалитетот на животот на што е можно повеќе жени,“ изјавија од компанијата по повод распишувањето на овој конкурс и лансирањето на кампањата за женското здравје.

Целта на овој конкурс е да се избере и да се поддржи реализацијата на проекти кои ќе придонесат за унапредување, развој и подобрување на здравствените и социјалните аспекти на здравјето на жените од сите возрасни групи.

Невладините организации, институциите, единиците на локалната и регионалната самоуправа, непрофитните правни лица можат да регистрираат проекти насочени кон поттикнување на поздрав начин на живот и спречување на болести кои ги погодуваат жените, иницијативи за подобрување на физичкото и менталното здравје на жените и образование.

Помеѓу пристигнатите апликации, dm ќе ги избере и поддржи оние проекти кои се издвојуваат по нивниот квалитет и оригиналност и кои долгорочно и во најголема мера ќе придонесат за здравјето и благосостојбата на жените во Македонија.

Правилата и условите на конкурсот {ЗАЕДНО} за подобро утре и критериумите за избор се достапни на веб-страницата dm-zaedno.mk, каде ќе бидат објавени сите валидни апликации пристигнати за време на конкурсот, како и детали за проектите избрани како дел од натпреварот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Парите за лекувањето на малиот Матео собрани за 24 часа

Редакција

(Фото) Револуцијата продолжува: Моден викенд Скопје ја спојува одржливоста со стилот во својата 28. сезона

Редакција

Донаторска акција на стари книги во кафе-книжарницата „Илика“

Редакција