еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Бев свесен дека Груевски може да побегне уште кога ги објавив „бомбите“

На новинарско прашање во однос на тоа дека, за можноста за бегство медиумите пишувале уште во август, премиерот Зоран Заев денеска одговори дека за тоа бил свесен и кога ги објавил “бомбите“ во 2015 година.

– Токму затоа, согласно законските овластувања, МВР презеле се. Четири недели претходно следеле, биле внимателни и јас сум информиран за сите детали. Груевски беше транспарентен. Присутен на седници во Парламент, комисии, во судските процеси, се објавуваа слики како трча на Кеј со обезбедувањето. Тоа потврдува дека немал закани по живот и немало индиции дека ќе направи нешто. Од тој аспект потврдувам дека четири недели претходно, можеби и повеќе, ќе каже внатрешната истрага, МВР постапувале со своите овластувања на следење и на внимателност во делот на однесувањето. МВР ќе кажат детали кога ќе направат реконструкција – додаде Заев.

Тој не верува дека Груевски ќе избега во Турција или Русија, бидејќи како што кажа, Унгарија ја чувствува сериозноста на ситуацијата.

– Веројатно тие ќе ги дадат своите одговори, а таа одговорност би била огромна, неиздржлива ако таква работа се случи. Тоа зависи од Унгарија и е надвор од контрола на нашиот систем. Верувам дека ќе постапат по меѓународните регулативи. Не се работи за политички момент, незгодност дома, па државата да даде азил. Овде се работи за правосилна пресуда, со бегството ја призна вината – рече Заев.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Твитер „збесна“ по изјавата на Заев за можното киднапирање на Груевски: „Владата ќе собира пари да го откупи“

Нема ни куќа, ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил бегалецот Никола Груевски

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За министерот Лога одлуката на Уставен за привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите е беспредметна

Редакција

32% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

Здравствени работници од болницата во Прилеп реагираат дека со месеци работат без пари и договор

Редакција