еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Бојан Јовановски лаже зашто одбив да му помогнам

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за „Фокус“ ги оценува како лажни обвинувањата што против него и неговиот брат ги искажа Бојан Јовановски – Боки 13, кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“.

Тврди дека Јовановски лаже, бидејќи тој ги одбил сите негови барања да му помогне во судскиот процес.

-Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот.

И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, наведува Заев.

Тој додава дека продолжува да се бори за владеење на правото, законот да важи еднакво за сите, без разлика за кого се работи и, како што посочува, секој што се огрешил пред законот да си одговара.

– Истовремено сите закани за некаква моја комуникација со Бојан Јовановски кои ги достави до највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ токму неговиот адвокат, преку посредници, очекувам да се објават и уште еднаш да види јавноста која е вистината, дека мојата и определбата на СДСМ за правна држава се без компромисни и никакви закани или вакви лажни изјави нема да не одвратат од определбата за одговорност на секој кој се огрешил пред законите, вели Заев.

Покрај деветгодишната затворска казна за Бојан Јовановски, за случајот „Рекет“ затвор од седум години доби и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да се обештети Камчев на Јанева и Боки 13 и членови на нивните семејства ќе им биде конфискуван имот

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР има нови сознанија за киднапирањето на внукот на Љубе Бошковски

Редакција

Нови 444 случаи на Ковид-19 од 2.518 тестирања

Редакција

Османи ќе вложел напори во среда да биде во Скопје и да се обрати на собраниска Комисија за патоказот за договорот со Бугарија

Редакција