еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Да му се јавам на Ел Чека и да го прашам зошто не објавува “бомби“ за мене

На новинарско прашање за коментар од страна на премиерот Зоран Заев дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил лут што Ел Чека објавувал бомби само за ДУИ, премиерот одговори: „дајте телефон да му се јавам и да го прашам зошто не објавува „бомби“ за мене“.

„Еве јавно го повикувам, нека објави и за мене. Јас сум транспарентен човек. Не знам зошто не објавувал за други, само за Али Ахмети. Но, треба да знае дека се одговара за тоа. Светот е глобално село и ќе одговара кога-тогаш. Ако има, нека објавува сега“, додаде Заев.

Тој рече дека е згрозен од она што го слуша во разговорите, бидејќи помеѓу нив има и приватни разговори. Заев додаде дека кога тие ги објавувале „бомбите“, внимавале на приватните разговори и се што имале, предале во Специјалното јавно обвинителство, од каде што верува дека не се излезени.

„Но прашање е кој се поседува снимени разговори, бидејќи според она што Ел Чека го објавува се од периодот на 2008 до 2014 година“, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Чека му одговори на Заев: Знам дека те боли што пропадна органзираниот криминал што го имаше во СЈО

Ел Чека продолжува да си пука „бомби“: Најновата е за братот на Али Ахмети и за Муса Џафери

Ел Чека до премиерот Заев: Кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој!

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Монструм“ продолжува со сведоци на одбраната

Редакција

Несреќата на автобусот на „Беса транс“ не се случила поради голема брзина, причините за пожарот непознати, велат бугарските власти

Редакција

СЕММ отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со Ковид-19

Редакција