еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Дел од визијата на Трајковски денес е исполнета

За претседателот Борис Трајковски, стратешкиот интерес на Република Северна Македонија – нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО беше визија за реализација на која тој целосно се посвети, рече денеска премиерот Зоран Заев во обраќањето на Првиот молитвен појадок „Лидерство засновано на вредности“, што се одржа денеска во соработка со Меѓународната фондација на Борис Трајковски, по повод 15-годишнината од трагичната смрт на Трајковски.

– Целосно свесен за овој факт, во својата последна јавна изјава по повод потпишувањето на писмото кое ја придружува апликацијата за членство во Европската Унија, тој ќе порача дека задачата со која се соочуваме не може да ја заврши само една влада, само еден претседател или само еден министер.

Уште порача дека сите мораме да придонесеме за нашата институционална интеграција во НАТО и во Европската Унија. Во име на неговиот спомен, и во име на неговите пораки од пред 15 години, ние денеска со право можеме да кажеме дека дел од тие пораки, дел од неговата визија – се исполнети. Нашата земја оваа година го завршува процесот за полноправно членство во НАТО, рече Заев.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15 години од смртта на Трајковски: Останува нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот

Иванов за Трајковски: Малкумина ги разбираа неговите вредности и принципи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија не се откажува спорот со неа да се најде во преговарачката рамка за Македонија

Редакција

Османи не кажа кој ќе биде амбасадор во Софија, бил еден од најискусните дипломати од МНР

Редакција

„Македонија за сите луѓе“: Мицкоски на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ најави нова политичка стратегија

Редакција