еМагазин
Image default
Македонија

Заев по изјавата на Борисов: Договорот со Бугарија е за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања

Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат, порача денеска преку својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по изјавата на неговиот бугарски колега, Бојко Борисов.

– Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред.

Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно, пишува Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Борисов: Македонците треба да созреат за датум за преговори со ЕУ

„Бугарите викаат Гоце Делчев бугарски пасош имал“: Твитер реакции за Захариева

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нова „бомба“ за Заев: Колку вредат албанските гласови?

Редакција

Нови 15 случаи на Ковид-19 од 2.550 тестирања, бројката на активни е 234

Редакција

Заев поднесе предлог-состав и програма за работа на новата Влада во Собранието

Редакција