еМагазин
Image default
Македонија

Заев: ДУИ нема да биде дел од идната Влада ако бара Албанец за премиер

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ Зоран Заев по објавата на Али Ахмети дека ДУИ сака Албанец за премиер.

Тој отфрла коалиција меѓу СДСМ и ДУИ ако тоа биде услов за коалицирање.

„Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, напиша Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Неуспесите на ДУИ не можат да се покријат со барањето за премиер Албанец

Ахмети: Прв Албанец за премиер е нова цел на ДУИ

Фото:Фејсбук/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација му ја намали казната на Чавков за настаните од 27 април од 18 на 16 години

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 40 пациенти, а вкупно се лекуваат 495

Редакција

(Видео) Илјадници граѓани излегоа „За“ европска Македонија

Редакција