еМагазин
Image default
Македонија

Заев ќе ја разреши Ременски од сите партиски функции

Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинето или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени  секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со функционер од власта.

– Секогаш стоиме на своите ставови. На доаѓање ја добив информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што вие кажувате, се однесува на потпретседател на Собрание, рече Заев.

Навреме, како што дополни, ќе ги соопштат ставовите откако ќе прочитаат и видат за што е осомичено лицето, дали е обвинето…

– Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман на сите тоа треба да го испочитуваме без разлика дали тоа се однесува на сите нас како носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на мерката за ваучери за клима инвертори.

Нагласи дека како Влада принципиелно стојат на ставот за владеење на правото и правна држава.

– Ако сакаме да чекориме кон правна држава како што сите ја посакуваме, законот мора да важи еднакво за сите, никој да не се затскрива зад каква било партиска, општествена или друга функција. За да испратиме порака дека судиите и обвинителите треба да се водат од аргументите и доказите, постапките да се транспратентни и да се воспостави правен систем во кој граѓаните ќе веруваат како систем на вредности заснован на законите и Уставот, изјави премиерот Зоран Заев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сега нема постигната спогодба со осомничени за случајот „Рекет“

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски осомничена за „Рекет“

Јавноста не дозна кој се е вплеткан и каде се парите: „Рекет“ пред обвинение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено

Редакција

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Редакција

Милошоски го повика Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Редакција