еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев ќе отпушти дел од советниците и соработниците, поради телефонското наседнување на украинските комичери

Кабинетот на премиерот денеска соопшти дека се зголемува безбедноста при комуникација со Зоран Заев и оттука во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.

„Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка.

Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.

Премиерот Заев и Кабинетот се посветени на унапредување на отворениот и транспарентен начин на работа, во согласност со безбедната употреба на новите технологии и со протоколите кои произлегуваат од современите начини на менаџмент и управување“, велат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев го промени мобилниот уред и бројот: Премиерот и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста

„Ме измамија мангупи, а јас комуникативен“: Зоран Заев и руските комичари хит во регионалните медиуми

Заев на руските комичари им праќал слики со Меркел

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку е богат новиот технички премиер: Каков имот пријавил Оливер Спасовски

Редакција

Продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Монструм“ на СЈО

Редакција

Енигма што прават Спасовски и Филипче во изолација

Редакција