еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Ќе побараме одложување на изборите

Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа.

Овој предлог рече Заев, ќе биде презентиран на седницата на Советот за национална безбедност закажана за денеска.

Лидерот на СДСМ очекува претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба.

За тоа кој би бил новиот термин, Заев рече треба да постигнат договор политичките партии и додаде дека тоа би требало да се случи кога ќе биде безбедно за граѓаните.

МИА/Фото: СДСМ/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

ДИК: Не сме побарале и препорачале одложување на изборите

Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?

Владата одговорна за корона вирусот, партиите не толку: Кој ќе ги натера граѓаните да излезат на избори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во велешката болница Инфективното одделение полно, расте бројот на пациенти

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 844.000 евра

Редакција

Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?

Редакција