Претседателот на Владата Зоран Заев денеска најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, за што веќе има потврден термин. Не прецизираше кога и каде би се одржала средбата.
-Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ, која беше лично тука за референдумот да охрабри и да даде политичка поддршка, но и економска. Колку и да се регионални аспекти причини за калкулирање со одлуките, оти ние сигурно не сме, тоа е потврдено. Петнаесет години чекаме, треба да се случи, рече Заев по прес-конференција во Владата.
За информацијата дека Меркел не се согласува да и се даде датум за преговори на Северна Македонија, Заев рече дека за тие што се упатени, информацијата е стара и оти за ова прашање се уште се во тек разговори на највисоко ниво, но и со пратеници.
Посочи дека за нас се важни одлуките и информациите на Советот за општи прашања на ЕУ (ГАК) кој има состанок од 18 до 21 јуни, а потоа и на крајот на јули.
-Европскиот совет е тој што ја носи конечната одлука. Прво се наговестува преку ГАК. Да не ги пропуштиме овие термини, рече Заев.
Потсети дека министерот Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи вчера биле во Франција, од каде одлуките се позитивни, а одлуки носат и во холандскиот парламент.
-Останатите земји се вклучени да помогнат. Најмногу Грција и Бугарија, но помагаат и сите други Хрватска, Словенија, Романија како претседавач, рече Заев.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега нема датум за преговори во јунските нацрт-заклучоци на ЕУ
Зиддојче цајтунг: Меркел рекла „не“ за брз датум за Северна Македонија
Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?