еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Европска Македонија доби повеќе гласови од која било партија на кои било избори

Премиерот Зоран Заев вечерва на заедничка прес-конференција со министрите од Владата и неговите сопартијци изјави дека граѓаните порачале дека нашиот пат е во ЕУ и НАТО.

„Одлуката што ја донесоа граѓаните не беше лесна. Им благодарам на сите граѓани што гласаа за и против, бидејќи презедоа одговорност. Благодарам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презедоа одговорност и гласаа по сопствена воља.

На референдумот гласаа повеќе од 650.000 граѓани, повеќе од 90 отсто избраа „За“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане член на НАТО и ЕУ. Европска Македонија доби повеќе гласови „За“ отколку кој било победник на кои било избори во Република Македонија.

Дури и ако имаше цензус овој резултат од 600.000 граѓани кои гласаа „За“ ќе значеше јасна определба за европска Македонија.

Кога имаме мнозинска изразена вољја за европска Македонија време е пратениците да го следат гласот на граѓаните. Ги повикувам сите лидери и секој пратеник да се обединиме и да ја поведеме Македонија во ЕУ и во НАТО“, изјави Заев.

Тој повтори дека доколку сепак тоа не се случи единствена демократска алатка што останува се предвремени избори.

Заев порача „да не си играме играчки со судбината на нашата земја, бидејќи алтернатива за ЕУ и за НАТО нема“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Редакција

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Редакција

Судење за „27 април“: Обвинетите Илиевски и Дамовски не дадоа одбрана

Редакција